Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Коринтјаните 2

2
1 # 12,21 И така, решив во себе да не доаѓам кај вас со жалост, 2зашто, ако јас ве нажалам, тогаш кој ќе ме зарадува, ако не оној кого сум го ожалостил? 3#13,10Тоа исто и ви го напишав, та, кога ќе дојдам, да не ме ожалостат оние кои треба да ме зарадуваат; бидејќи сум уве­рен во сите вас дека мојата радост е радост и за сите вас. 4#7,8; Дела 20,31Зашто од многу грижи и од тага на срцето ви пишував со многу солзи, не за да ве ожалостам, туку за да ја познаете преголемата љубов што ја имам кон вас.
Треба да му се прости на навредувачот
5 # 1 Кор 5,2; Кол 3,13 Ако ли, пак, некој ме ожалости, не ме ожалостил само мене, туку, да не претерам, донекаде и сите вас. 6За таков доволна е казната што ја претрпел од мнозинството; 7#Кол 3,13така што за вас е подобро да го по­милувате и да го утешите, за да не про­падне од преголема жалост; 8затоа ве молам кон него да покажете љубов. 9#7,15; 10,6Затоа и ви напишав, да ве испитам и да дознаам дали сте во сѐ послушни. 10#Мт 10,40А кому вие ќе му простите нешто, нему ќе му простам и јас; ако сум простил некому нешто, сум му простил по­ради вас во името на Исус Христос, 11#Ефес 4,27за да не нѐ прелаже сатаната, зашто неговите намисли добро ни се познати.
Немирот на Павле во Троада
12 # Дела 14,26-27; 1 Кор 16,9; Откр 3,8 Кога дојдов во Троада да го про­по­ведам Евангелието Христово, иако вратата ми беше отворена во Господ, 13#7,6; 1 Тим 4,10; Тит 1,4духот мој немаше спокој, бидејќи таму не го најдов мојот брат Тит; и за­тоа, откако се простив со нив, заминав за Македонија. 14#Кол 2,15Но да Му благодариме на Бога, Кој секогаш ни дава победа во Исус Хрис­тос, и на секое место преку нас го пројавува мирисот на спознанието на Самиот Него. 15#Лк 2,34; 1 Кор 1,18Зашто ние сме Му на Бога благопријатен мирис Христов и меѓу оние кои се спасуваат и меѓу оние кои про­па­ѓаат; 16на едните сме смртоносен мирис за смрт, а на другите животворен мирис за живот. И за ова кој е способен? 17#4,2; 11,13; 1 Сол 2,5; 1 Птр 4,11Зашто ние не сме како мнозина што тргуваат со Божјото име, туку го про­поведаме искрено, како од Бога, пред Бога, во Христос.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност