Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Тимотеј Вовед

Вовед
Второто послание до Тимотеј се чини дека е напишано во Рим (1,17). Павле таму се соочува со ропство (2,9) и се чувствува изолиран (4,10, 16). Дојден на крајот од својата дејност (4,6), тој ги упатува своите препораки до оној кој за него бил соработник полн со љубов (1,2).
Апостолот започнува со благодарност кон Бога за љубовта и верата на Тимотеј. Во согледувањето на страдањата и спротивставувањата на кои наидуваат служителите на Евангелието, тој му препорачува на Тимотеј да биде полн со цврстина во докажувањето и соборството со храброст „како добар војник на Исус Христос“ (2,3). Тој го притиска да внимава на оние кои предизвикуваат празни расправии, кои не служат за ништо и оддалечуваат од верата. Тој го повикува да го следи неговиот пример и го поканува да остане верен во поучувањето од Светото Писмо, кое тој го примил уште од неговата младост (2,14–4,5). На крајот од своето послание, апостолот ја спомнува драматичната лична состојба постојано изразувајќи Му благодарност на Господ што му помага (4,6-22). Апостолот покажал уште од почетокот добра волја во служба на Евангелието (4,7). За сето време, читателите на посланието се повикуваат да ја бијат истата битка, без стравување од непријателството на противникот, во вера, стрпливост, љубов и истрајност.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност