Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Откровение 7:1-8

Откровение 7:1-8 MK2006D

Потоа видов четири ангела како стојат на четирите агли од земјата, држејќи ги четирите земни ветрови, за да не дува ветар ни на земјата, ни по морето, ниту на некое дрво. И видов друг ангел како се подигаше од исток кој имаше печат на живиот Бог. И тој извика со висок глас кон четирите ангели, на кои им беше дадено да ѝ пакостат на земјата и морето, велејќи: „Не пакостете ѝ на земјата, ниту на морето, ниту, пак, на дрвјата, додека не им ставиме печат врз челата на слугите на нашиот Бог!“ И го чув бројот на одбележаните со печат: сто четириесет и четири илјади беа одбележани од сите колена на си­но­вите Израилеви. Од Јудиното колено со печат од­бе­ле­жа­ни – дванаесет илјади; од Рувимовото колено – дванаесет илјади; од Гадовото колено – дванаесет илјади; од Асировото колено – дванаесет илјади; од Нефталимовото колено – дванаесет илјади; од Манасиевото коле­но – дванаесет илјади; од Симеоновото колено – дванаесет илјади, од Левиевото колено – дванаесет илјади; од Исахаровото колено – дванаесет илјади; од Завулоновото колено – дванаесет илјади; од Јосифовото колено – дванаесет илјади; од Венијаминовото колено – дванаесет илјади.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност